Вучиќ: Србија е подготвена да ги исполни своите обврски, но некој мора да формира Заедница на српски општини

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостуваше во утринската програма на ТВ Прва во програмата „Јутро“.

-Нема да ја признаеме независноста на Косово и Метохија и нивниот прием во ОН, но подготвени сме за преговори, сепак некој мора да формира Заедница на српски општини, изјави претседателот на Србија.

Тој истакна дека Србија е подготвена да ги исполни своите обврски, но тоа не значи создавање на независност на Косово.

– Нема датум, нема временска рамка за постигнување договор. Тоа е особено тешко за Србите на северот на Косово.