Која е мистериозната Мирела на која Путин ѝ даде Државјанство!? Русите тврдат дека е од Хрватска а таа откри што прави (видео)

Мирела Јакупанец во интервју за Спутник наведува дека во април 2022 година отпатувала од Загреб до Донбас и дека таму ги лекува ранетите руски војници и цивилното население.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна потпиша одлука со која се доделува руско државјанство на 44 странски државјани, а на списокот е и Мирела Јакупанец, за која Русите тврдат дека е медицинска сестра од Хрватска.

Јакупанец, како што пишуваат Русите, живее во Доњецк. Во ноември 2022 година, Спутник објави интервју со Јакупанец во кое таа дава низа контроверзни изјави.

„Кога на интернет ги видов нехуманите постапки на екстремистичката организација „Азов“ кон руските војници и цивилното население на Доњецката и Луганската народна република, донесов одлука да одам во Донбас. Многу луѓе го осудуваат мојот избор, но тоа не ме обесхрабри. Ќе продолжам да ги третирам војниците и цивилното население. Ќе бидам со нив до крај“, ја пренесува Спутник изјавата на Јакупанец.

Тие наведуваат дека Хрватката во 2022 година имала 42 години, а во Донбас пристигнала на 20 април 2022 година.

,,Авионскиот билет го купив пет дена пред поаѓање. Летот беше на 13 април од Загреб, преку Истанбул до Грозни. Тогаш не можеше секој да оди во Донбас. Сепак, добив гаранција. На војниците им помагам од првиот ден. Поради нив дојдов тука“, тврди Јакупанец.

„За време на гранатирањето често бев во Доњецк. Не бев далеку од местото на ударите и успеав да избегам. Не се плашам за мојот живот. Верувам дека Бог ме чува. Се грижам за животите на ранетите. Тоа е не ми е тешко. За шест месеци од мојот престој овде се навикнав на тоа темпо. За мене најголема награда е кога ранетите ќе оздрават. Ми дава сила и ветер на грб “, тврди Јакупанец.