Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да се појави на главните настани за кои појде во Америка, неофицијално дознава српскиот портал „Блиц“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно се разболе, по што побара медицинска помош и по прегледот донесе одлука да се врати во Србија. Ова се случи во раните попладневни часови.
Кабинетот на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.
Како што неофицијално дознава „Блиц“, во тој момент во просторијата со претседателот Вучиќ, подготвувајќи се за следните состаноци, а по средбата со конгресменката Клаудија Тени и Род Благојевиќ и српските претприемачи од Америка, биле министерот за финансии Синиша Мали и Сузана Васиљевиќ, советничка за медиуми на претседателот Вучиќ.