Вучиќ ја посети повредената пратеничка!

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја посети повредената пратеничка Јасмина Обрадовиќ во Клиничкиот центар на Србија.

Фотографијата Вучиќ ја сподели на Инстаграм „buducnostsrbijeav“.

– Посета на Јасмина Обрадовиќ. Верувам во нејзината сила. Јасмина ќе победи, Србија ќе победи – напиша претседателот Вучиќ.

За потсетување, пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар за време на хаосот во Собранието.