Вучиќ: Ќе ги помилувам уапсените на протестите

Среде огромната блокада на Автокоманда, важен пат во Белград, пред јавноста се обрати српскиот претседател Александар Вучиќ. Претходно тој најави дека во денешното обраќање ќе „објави важна вест“.

Како што јави РТС, Вучиќ рече дека обвинителството покренало 13 обвиненија против одговорните за несреќата во Нови Сад, како и дека три месеци по трагедијата „актуелната атмосфера никому не му одговара“. 

„Ги исполнуваме сите барања на студентите“

Вучиќ рече дека е исполнето првото барање на студентите, да се објави целокупната документација за настрешницата и е објавена документацијата: „Владата објави 559 линкови, 13.042 документи…“

„Тие излегоа и ги прецизираа своите барања во првата точка, во 24 точки, а ние погледнавме што имаме. Денеска објавивме 10 гигабајти документација“, рече Вучиќ и додаде дека сите барања на студентите се исполнуваат.

„Договорите со изведувачите и подизведувачите се објавени или се објавуваат сега, а не се ни обележани со тајност. Дури сега полицијата ја зеде целата документација“, рече претседателот на Србија.

Тој вели дека „ги разгледал сите барања, односно 24 точки во првото барање и констатирал дека сите точки се исполнети и дека е доставена сета документација“.

„Ќе ги помилувам уапсените на протестите“

Вучиќ вели дека е подготвен да ги помилува уапсените на протестите, иако никогаш досега не помилувал никого.

„Ако нема друго решение, ќе бидам подготвен да го потпишам решението за помилување од кривично гонење. Тоа ќе го потпишам во среда“, вели Вучиќ.

„Ќе ги зголемиме алокациите за факултетите“

Вучиќ вели дека ќе го исполни барањето за зголемување на средствата за образование за 20%, вели дека тоа ќе биде „неверојатно“ зголемување.

„За нас е многу важно студентите да се вратат во своите клупи, да не ја напуштаат земјата, но и да ја обезбедиме безбедноста на другите граѓани“, рече Вучиќ и продолжи да вели дека протестите се одразуваат на угледот на Србија во светот.

Вучиќ вели дека е срамота да се зборува за „насилниците на Вучиќ“ и дека прави се за учениците да живеат подобро. Тој вели дека доколку постоеле, лично би се спротивставил со таквите насилници.

Вучиќ најави итна реконструкција на Владата

,,Ја нападнаа Академијата Светосава, таков срам немало во последните 200 години“, вели Вучиќ. 

Тој вели дека на едната страна има гнев кој може или не е оправдан. „Но, од другата страна, гневот рапидно расте и мора да се запре. Таа страна е многу поголема. Ги видов бројките синоќа, тоа не ни треба“, рече тој.

,,Потребна ни е итна реконструкција на владата“, рече Вучиќ и рече дека ќе ја спроведе.