Габриел Ескобар доаѓа во Скопје на средби со Пендаровски, Ковачевски и Мицкоски

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Северна Македонија. Ескобар ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата. Предвидено е да има средба и со премиерот Димитар Ковачевскк, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.