Газа: Околу 3.500 деца се изложени на ризик од смрт поради неухранетост

Околу 3.500 деца се во опасност од смрт поради неухранетост во Појасот Газа.

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа соопшти дека Израел и Соединетите Американски Држави спречиле помошта да стигне до палестинскиот народ и дека Појасот Газа се повеќе е заглавен во глад.

Пријавено е дека 3.500 деца во Газа се изложени на ризик од смрт поради недостаток на додатоци во исхраната, вакцини и неухранетост.

Тие истакнаа дека САД и Израел се решени да ги изгладнат 2,4 милиони цивили во Газа.

Сметаат дека политиката на гладување која се применува за пациентите и децата и забраната за влез на храна и лекови е опасен и нехуман начин.

Канцеларијата соопшти дека сето ова е геноцидна војна против цивилите во Газа и бара итна меѓународна интервенција за да се запрат овие злосторства.

Израелската армија ја зазеде палестинската страна на граничниот премин Рафах, витален пат за хуманитарна помош во Газа, влошувајќи ги и онака тешките хуманитарни услови во палестинската енклава.

Граничниот премин Рафа е затворен од 7 мај, кога почна израелската окупација на областа.