Газа: Палестинските семејства во Кан Јунис живеат на улица

– Палестинските семејства чии домови беа уништени или мораа да ги напуштат поради израелските бомбардирања во Кан Јунис, Газа, живеат во автомобили и импровизирани шатори.

Оние што не успеаја да најдат засолниште во училиштата и болниците живеат во катастрофални услови и на улица. Автомобилите во кои ги спакуваа основните работи пред да побегнат, сега им се единствен „покрив над глава“.

Конфликтот во Газа започна на 7 октомври кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, повеќестран ненадеен напад со зачестени лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел по копно, море и воздух.

Хамас рече дека нападот бил одмазда за нападот на џамијата „Ал Акса“ и насилството на израелските доселеници врз Палестинците.

Тогаш израелската армија започна немилосрдно бомбардирање, а потоа ги прошири воздушните и копнените напади врз Појасот Газа.

Во конфликтот загинаа повеќе од 9.800 луѓе, меѓу кои 8.306 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.