Телекомуникациската компанија Палтел соопшти дека Појасот Газа повторно е без интернет и телефонска комуникација, по трет пат од 7 октомври.
Како што најавија, тие со жалење најавија целосно исклучување на телефонските и интернет услугите во Газа откако Израел ги исклучи серверите.
Синдикатот на палестинските новинари предупреди на можната израелска намера да изврши, како што ги нарече „широка распространети злосторства“, бидејќи Газа е во мрак поради прекините на интернетот и телефоните.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен, пак, за време на средбата со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани изјави дека Соединетите Американски Држави работат напорно за да обезбедат конфликтот во Газа да не се прошири.
На новинарско прашање за потенцијален хуманитарен прекин во конфликтот, тој одговори дека на ова се работи, но дека оваа пауза треба да се искористи за ослободување на заложниците заробени од палестинската милитантна група Хамас. Ал Џезира објави дека Израел ги интензивирал воздушните напади врз Газа во последните неколку часа.