Галтие: Фудбалерите на ПСЖ се разочарани и депресивни по поразот од Марсеј, Купот на Франција беше нашата цел
– Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие зборуваше за елиминацијата од Марсеј во Купот на Франција.
– Многу сме разочарани. Купот на Франција беше една од нашите цели. Бевме победени од одлична екипа. Треба да се научи лекцијата. Немавме доволно шанси во вториот дел, треба да играме поопасно. Фудбалерите се разочарани и депресивни. Сега не треба да кажуваме ништо за емоциите, треба да продолжиме да работите, фокусирајќи се на себе, рече тренерот.
ПСЖ синоќа во осминафиналето од Купот на Франција загуби н агостувањето кај Марсеј со 2:1.