Гаши го честита Велигден: Заедничките вредности се од суштинско значење за напредокот на секое општество
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати велигденска честитка до граѓаните од христијанска вероисповед.
Тој ја истакна пораката за Велигден како симбол на надеж и духовна обнова.
Целосна честитка:
„Од мое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија ви го честитам Велигден.
Велигденската порака е можност уште еднаш да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се од суштинско значење за напредокот на секое општество.
На сите ви посакувам мир, здравје и благосостојба и Велигден да го поминете во топлина и љубов со вашите најблиски“, напиша Гаши.