Гаши, предводи парламентарна делегација во дводневна официјална посета на Стокхолм

На покана на претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлеан,
претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, предводи
парламентарна делегација во дводневна официјална посета на Стокхолм, на 2 и 3
декември 2024 година. Членови на Делегацијата се пратениците Дафина Стојаноска,
Беким Сали и Митко Трајчулески.

Програмата на посетата предвидува и аудиенција кај кралот на Шведска, Карл
Шеснаесетти Густав. Покрај средба со домаќинот, спикерот на шведскиот Риксдаг,
претседателот и пратениците ќе остварат средби и со членовите на Комисиите за
надворешна политика и европски прашања, потоа со високи претставници на
Министерствата за европски прашања, за надворешни работи и за одбрана.

Оваа посета на Кралството Шведска е прва на високо ниво по парламентарните избори
одржани во мај оваа година.