Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Џек Грилиш ќе се врати во првиот тим кога ќе ја подобри својата игра, пренесува Би-Би-Си.
Грилиш (28) беше стартер во 41. меч минатата сезона. Манчестер Сити минатата сезона ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.
Грилиш стартуваше на 19 натпревари оваа сезона, од кои седум во Премиер лигата.
– Тој е истиот фудбалер, го има истиот тренер и начинот на кој играме не е променет. Се работи само за неговата игра. Поинаку е – изјави Гвардиола.
Грилиш последен пат стартуваше во Премиер лигата на 30 декември минатата година на мечот против Шефилд Јунајтед. Тој пристигна во Манчестер Сити во 2021 година од Астон Вила за 100 милиони фунти.
– Од првиот ден реков дека ни треба. Тој има посебен квалитет за нашиот тим, но тоа зависи од него. Се надевам дека ќе може да игра добро во последните три месеци – изјави менаџерот на Манчестер Сити.
Манчестер Сити е на второто место на табелата во Премиер лигата со бод помалку од првопласираниот Ливерпул.
– Не можам да им дозволам на фудбалерите три или четири натпревари да ја подобрат својата игра. Мора да најдат форма за да одиграат 20 или 90 минути. Не можете да му дадете некому три или четири натпревари за да ја најде формата. Што е со тие 10 фудбалери што го играат? Дали заслужуваат да не играат. Фудбалерите треба да нè убедуваат на тренинзите дека заслужуваат да играат – додаде Гвардиола.