Гвардиола разочаран од заминувањето на Вокер: „Најподготвениот играч нè напушти, тоа беше негова одлука“

Англискиот фудбалер Кајл Вокер се пресели од Манчестер Сити во Милан на позајмица до крајот на сезоната, со можност клубот да го откупи.

Пеп Гвардиола беше неутешен поради заминувањето од Сити , кој на прес-конференцијата истакна дека Вокер беше еден од најважните играчи во неговиот тим.

– Кајл Вокер одлучи да си замине. Најподготвениот, најсилниот, најбрзиот дефанзивец реши да го напушти клубот – изјави разочараниот Гвардиола и додаде:

– Тоа му го кажав лично, му го кажав и пред тимот. Му посакувам само успех и за него и за неговото семејство – заврши Гвардиола.

Англискиот фудбалер одигра 319 натпревари за Манчестер Сити од 2017 година и освои 17 трофеи, од кои шест титули во Премиер лигата и еден куп во Лигата на шампионите.