Генијален ум – Момче со аутизам го собори светскиот рекорд: Погледнете го неверојатниот резултат во решавањето на Рубиковата коцка (ВИДЕО)
Макс веќе има неколку Гинисови рекорди со различни големини на коцки
Макс Парк (21) од Калифорнија е еден од најпознатите професионалци во брзо составување на рубиковата коцка, а неодамна постави нов светски рекорд – ја реши коцката за само 3,13 секунди.
Младиот човек, кому како дете му бил дијагностициран аутизам, поставил нов светски рекорд на таканаречениот натпревар за решавање проблеми 3x3x3, соопшти Светската асоцијација за кубови.
Макс веќе има неколку Гинисови рекорди со различни големини на коцки и има најбрзо просечно време да реши Рубикова коцка со само една рака. Тој е еден од актерите во документарниот филм на Нетфликс Speed Cubers, за конкурентниот свет на решавање на Рубиковата коцка.
На Инстаграм има 170.000 следбеници, а видеото од неговиот нов рекорд е прегледано повеќе од милион пати. Родителите на Макс, Шаун и Мики, изјавија дека натпреварот и активноста за решавање на Рубиковите коцки е начин да му помогнат на нивниот син да развие фини моторни вештини.
Тие веруваат дека клучот за развојот на детето со аутизам е да се најдат ситуации во кои може да се дружи. „Не можеше да отвора шишиња со вода, па постојано баравме нешто што ќе го натера да ги зајакне моторните вештини“, додаваат тие. „Имавме Рубикова коцка во куќата и тој покажуваше интерес”.
Покрај моторичките вештини, натпреварите се одличен начин за негово подобрување и во другите животни ситуации.