Георгиевски: Палевски малтретирал 50-100 деца и станал уличен наркоман!?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Љубчо Георгиевски во своето вчерашно инрервју на една национална телевизија истакна дека случајот и проблемот со осомничениот за двете убиства, Љупчо Палевски Палчо, покажува како општеството создава криминалци без казна.

Тој во емисијата „Топ тема“ рече дека „Палевски можеби малтретирал 50-100 деца, дека станал наркоман и зад него стои некој од МВР“.

„Палевски има шест кривични дела кои не се процесуирани (а тоа се носење оружје без дозвола, вадење злато, семејно насилство и слично). Ајде да направиме ревизија па да видиме колку е тој штитен од 1990 година пша наваму. Дивоградбата што ја срушивме е платена 1,5 милиони евра обештетување. Нека нека се провери кој е судијата во тој случај. Да ја погледнеме неговата кариера, предлага Георгиевски.

„Во моментот кога од криминалец ќе направите соработник и ќе му давате се повеќе работи, не знам дали шефот на УДБА е лидерот или криминалецот. Така беше и со Аркан, со Бели Вук“, посочи Георгиевски, поранешниот премиер на ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиевски се плаши и дека продолжил системот од времето на Југославија кога се произведувала и продавала дрога, се шверцувале цигари и се тренирале терористи, а едно од тие места, како што вели, било „Јасен“.