СДСМ: Се докажа дека Мицкоски е манипулативен, ја прифати средбата со Палевски

СДСМ го смета за скандал што лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно призна дека имал средба со Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Од СДСМ велат дека Палевски бил близок соработник на режимот ВМРО-ДПМНЕ, но и нивен лев коалициски партнер и заедно биле дел од насилните протести со гилотини и коктели пред Собранието против францускиот предлог.

„И Мицкоски има признаено дека нема информации за случајот со двете страшни убиства, иако до пред некој ден тврдеше дека има силни информации за случајот.

Мицкоски се фати во своите лаги. Докажано е дека е манипулатор, кој случајот со убиството на детето го злоупотребува за политички придобивки“, се вели во соопштението на партијата СДСМ.