Георгина ОТКРИ ШТО И ПОДАРИ РОНАЛДО ЗА РОДЕНДЕН: Славниот Португалец не потрошил ни цент!

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез откри дека славниот Португалец годинава штедел на роденденскиот подарок.

Роналдо е најплатен светски фудбалер и се проценува дека во Саудиска Арабија ќе заработува околу 173 милиони евра годишно, но за 29. роденден на неговата партнерка Георгина Родригез не потрошил ниту цент.

Имено, Џорџина неодамна гостуваше во емисијата „ Ел Хормигуеро “ на шпанската телевизија каде ја промовираше новата сезона од својата документарна серија „ Соја Џорџина “, а откри што и подари Роналдо за роденденот кој го прослави на 27 јануари.

„ Оваа година ми даде време, бидејќи мојот роденден секогаш се совпаѓа со натпреварот и со него поминав само неколку од моите родендени. “, рече таа. Далија.

Роналдо минатата година со семејството се пресели во Саудиска Арабија, каде потпиша договор со клубот Ал-Наср.