Георгина со деколтето го „запали“ стадионот во Дортмунд: Најголемиот поддржувач на Роналдо ги остави навивачите без здив (Фото)
Атрактивната манекенка повторно привлекува воздишки.
Фудбалската репрезентација на Португалија вчера ја декласираше Турција во второто коло од групната фаза на Европското првенство во Германија.
Како и обично, најголемата ѕвезда на португалската селекција е Кристијано Роналдо, а тој и овој пат имаше посебна поддршка на натпреварот.
Имено, и на овој меч на трибините се најде неговата поубава половина, манекенката Георгина Родригез.
Таа повторно привлече воздишки кај машкиот дел од публиката со оглед на тоа што облече црн корсет и го „исфрли“ деколтето кое често е во преден план.
Зошто Георгина ги привлекува машките воздишки каде и да се појави, можете да видите во галеријата подолу, а нема дилема дека овој пат освен мечот, фокусот на добар дел од публиката беше и на неа.