По повод Меѓународниот ден на белиот стап – 15 Октомври, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски одржа состанок со слепите лица од општината.
Состанокот, како што информира денеска Општина Центар, се покажа како уште една потврда дека општината секогаш е тука да помогне на ранливите групи.
– На барање на Националниот сојуз, обезбедивме финасиска поддршка за Меѓународниот шаховски турнир за слепи лица, кој ќе се одржи во чест на 13 Ноември – Ден на ослободувањето на Скопје, во просториите на Сојузот. Мило ми е што помогаме да се оствари оваа меѓународна спортска дружба која ќе донесе радост во нивните животи. Нас ќе ни биде голема чест и задоволство да присуствуваме на отворањето на турнирот, истакна Герасимовски.
Општина Центар ги повикува лицата со попречен вид активно да се пријавуваат на повиците за субвенции и други проекти во општината наменети за загрозените категории граѓани.