Германец со љубовницата од Балканот си ја убил сопругата, па ѝ го украл накит и побегнал: Уапсен во Романија, пронајдена и дрога
Германец, осомничен дека ја убил сопругата во Германија заедно со својата љубовница од Романија, бил уапсен на граничниот премин меѓу Романија и Унгарија, кога се обидел да побегне од земјата.
Според медиумите, Германецот (39) живеел со сопругата (68) во германскиот град Трир. Тие двајца често изгледаа како совршено семејство, но реалноста била поинаква.
Германецот водел двоен живот и имал љубовница, жена (36) од Романија, со која смислил план да ја убие сопругата.
Телото на несреќната жена го пронашол роднина пред една недела во нејзиниот стан и веднаш повикал полиција. Обдукцијата покажала дека се работи за убиство.
За убиството се осомничени нејзиниот сопруг и неговата љубовница, кои веднаш по злосторството побегнале во Романија.
Окружниот суд во Трир издаде европски налог за апсење поради сомнение за заедничко убиство. Во соработка меѓу германските и романските власти, осомничените беа уапсени во Романија минатиот петок.
Јавното обвинителство во Трир, наводно, побарало екстрадиција на обвинетите во Германија. Одлуката сега е на романските судски власти.
Според романските медиуми, двајцата по убиството се сокриле во стан во романскиот град Сату Маре. Меѓутоа, кога мажот се обидел да ја напушти земјата преку граничниот премин со Унгарија, едноставна контрола му ги расипала сите планови. Згора на тоа, по проверка на багажот на осомничениот, полицијата пронашла сто грама дрога.
Тој и неговата љубовница и соучесник набрзо биле фатени од агентите и двајцата сега се зад решетки.
Жена убиена поради алчност?
Се сомнева дека ја убиле жената од алчност. Од станот се украдени пари, накит и други вредни предмети, додека истрагата продолжува.