– Министерката за надворешни работи Баербок ги повика српските власти да ги ослободат уапсените косовски полицајци.
Германија вчера ги повика Србија и Косово веднаш да преземат чекори за намалување на тензиите по низата инциденти на границата.
„Ги повикуваме двете страни, Србија и Косово, да сторат сѐ што е во нивна моќ веднаш да ја смират оваа алармантна ситуација“, рече германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, на конференцијата за медиумите во Берлин.
Баербок истакна дека еден од првите чекори на српските власти би требало да биде „безусловно“ да ги ослободат тројцата косовски полицајци, кои беа уапсени во средата.