Германската влада и оваа година го собори рекордот за извоз на оружје, одобрувајќи продажба во вредност од најмалку 11,71 милијарди евра, според официјалните податоци. Досегашниот рекорд од 9,35 милијарди евра од 2021 година е надминат веќе во средината на декември, за 25 отсто, покажуваат податоците што ги објави Министерството за економија на барање на Собранието.
На кого извезувале оружје?
Во споредба со минатата година, сумата е поголема за 40 отсто, што ја одразува двојно поголемата вредност на испораките во Украина, која изнесува 4,15 милијарди евра. Речиси 90 отсто од извезеното оружје и воена опрема оваа година беа испорачани во други членки на ЕУ и НАТО, Украина и земји како Јапонија, Австралија и Јужна Кореја.
Владата исто така даде зелено светло за извоз во вредност од 1,18 милијарди евра на група „трети земји“ како Израел, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Испораките во Израел годинава се зголемија за десет пати и достигнаа 323,2 милиони евра.