ГЕРМАНИЈА ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО! Полска испраќа четири моќни борбени авиони во Украина – апелот на Володимир Зеленски вроди со плод
Германија го одобри барањето на Полска за префрлање на пет борбени авиони во Украина, соопшти денес Министерството за одбрана на Германија.
На Полска ѝ беше потребна оваа дозвола бидејќи борбениот авион MiG-29 со советски дизајн и припаѓаше на Германија, како дел од воената флота на комунистичка Источна Германија.
„Го поздравувам фактот што ние во сојузната Влада заедно ја донесовме оваа одлука. Ова е порака дека можете да се потпрете на Германија“, изјави министерот за одбрана Борис Писториус.
Полска беше помеѓу првите што се залагаше за испраќање воени авиони во Украина.
Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Варшава пред една недела, полскиот претседател Анджеј Дуда објави дека неговата земја веќе обезбедила четири авиони MiG-29 и наскоро ќе обезбеди уште четири за транспорт во Украина.
Володимир Зеленски со месеци бара од западните поддржувачи да му испратат борбени авиони, системи за против-воздушна одбрана и друга опрема како муниција.
Самата Германија не испорача авиони на Украина, а Владата на канцеларот Олаф Шолц сигнализираше дека нема планови да го стори тоа ниту во блиска иднина.