Од понеделник, 16 септември, Германија воведува привремени контроли на сите нејзини копнени граници, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
„Покрај постојните привремени внатрешни гранични контроли на копнените граници со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска, Федералното Министерство за внатрешни работи нареди привремени контроли на внатрешните граници на копнените граници со Франција, Луксембург, Холандија, Белгија. и Данска за период од шест месеци за што е известена Европската комисија“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, постои можност за одвраќање на луѓето на сите германски копнени граници во согласност со европското и националното право.
Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер рече дека Германија ја зајакнува внатрешната безбедност со конкретни дејствија и продолжува со тешкиот курс против нерегуларната миграција.
„Ќе продолжиме да се држиме до оваа линија. Се додека не постигнеме силна заштита на надворешните граници на ЕУ со новиот Заеднички европски систем за азил и други мерки, сакаме уште повнимателно да ги следиме нашите национални граници“, нагласи германскиот министер.
Според неа, ваквата мерка особено ќе ја зајакне заштитата од закани како што се исламистичкиот терор и сериозниот прекуграничен криминал. Таа, исто така има за цел да ги спречи патиштата за криумчарење луѓе.
„Ние правиме се што можеме за да ги заштитиме луѓето во нашата земја од ова, вклучително и далекусежните мерки што ги преземаме сега“, нагласи Фезер.
На овој начин, федералната полиција може да распореди цела серија стационарни и мобилни гранични полициски станици на сите германски копнени граници.
Проверките на граничната полиција се вршат флексибилно во зависност од моменталната состојба и во соработка со колегите во пограничните земји, се вели во соопштението.