ГЕРМАНИЈА ИТНО РАСПОРЕДУВА СПЕЦИЈАЛНИ ЕДИНИЦИ – Еве каде со одлука на Бундестагот ќе биде префрлена Армијата 

Владата на Германија ги префрли на Кипар припадниците на своите специјални воени сили (КСМ), како и сета опрема што им е потребна, за да бидат подготвени да ги евакуираат германските државјани под воена заштита во итен случај.

Дополнително, поморските специјални сили, познати како борбени пливачи, се распоредени во близина за да бидат на готовност во случај конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас да ескалира и Германците да бидат повлечени од Либан, објави Bild, повикувајќи се на извори од Бундесверот.

Распоредени се, според информациите и специјални сили на федералната полиција, специјализирани за спасување заложници.