ТОТАЛНО ФИАСКО – Лука Дончиќ остана без плеј-оф: Далас Маверикс ја заврши сезоната – словенецот во решавачкиот натпревар го “немаше“ никаде на теренот

Кошаркарите на Далас Маверикс дефинитивно останаа без никакви шанси да се пласираат во плеј-офот на најмоќната кошаркарска лига НБА.

Кошаркарите на Далас беа поразени од Чикаго на домашен терен со резултат 115:112 и со тоа математички останаа без можност да се пласираат во плејофот.

За прв пат од 2019 година, Далас ќе ја заврши сезоната по завршувањето на регуларниот дел од сезоната, а последниот натпревар против Сан Антонио Спарс ќе биде „неважен“ за двата тима.

Лука Дончиќ потфрли во решавачкиот натпревар со Булси, додека Кајри Ирвинг не беше ниту во составот на екипата.