Спиеле со истата актерка за време на снимањето на филмот а немале поим за тоа: Девојката открива кој од познатите актери бил подобар во кревет: “Не можам да се пожалам!“

Актерот Тајрис Гибсон во едно гостување од шоуто „The Morning Hustle“ изјави дека тој и покојниот актер Пол Вокер спиеле со иста девојка за време на снимањето на филмот „Hell Streets“ .

Гибсон (44 г.) откри дека тој и Вокер тогаш не биле свесни дека и двајцата биле поврзани со актерката Синди Леон во 2003 година.

Двајцата и дававме комплименти секој ден, но не знаевме ништо, не знам ни зошто. Си кажавме подоцна се што сме направиле“, изјави актерот, а претходно за тоа проговори и самата Синди.

Тајрис Гибсон
Тајрис Гибсон

Тајрис беше секси и луд во креветот, додека Пол беше сладок и вљубен. Тајрис беше помажествен, но и Пол беше добар, не беше лош, не се жалев“, изјавила во 2015 година актерката во едно нејзино интервју.

Вокер (40 г.) загина во 2013 година, кога неговиот пријател Роџер Родас (38 г.) изгубил контрола над своето возило и удрил во дрво, при што двајцата загинале на лице место.

Имаше уште една жена во животот на Гибсон која го сакаше Вокер – неговата девојка Зели Тимоти.

Минатиот месец парот се појави на социјалната мрежа Инстаграм, каде зборуваше за деталите од нивната врска. 

Мој тип на маж беше всушност Пол Вокер, нека почива во мир. Повеќе ме интересираше Пол. Кога го запознав Тајрис, мислев дека е некако стар“, кажала девојката, додека Гибсон останал во целосен шок.