КАКОВ ИЗМАМНИК! Ваков лажго се раѓа само еднаш: “Се запознавме на Интернет, отидовме на патување, а потоа на аеродром не пречека бесна трудница со нејзините родители!“

Ако некогаш сте ја користеле апликацијата Тиндер и сте нашле некој што веднаш ви се допаднал, тогаш го знаете чуството како понекогаш некој може да изгледа „премногу добар за да биде вистинит“. 

Токму тоа и се случило на Медлин Џеј, од Шефилд, Јужен Јоркшир, која го запознала Џејсон на апликацијата минатиот декември. Размениле неколку пораки, веднаш ’стапиле во акција’, но им требало речиси еден месец додека не ја договорат првата средба во живо.

22-годишната Медлин го сметала Џејсон за идеален маж затоа што се согласувале за се и имале слични ставови, па дури и почнале да зборуваат за деца и плановите за иднината.

Таа признала дека во еден момент дури помислила дека Џејсон е „вистински човек за брак“, па двајцата решиле да резервираат сместување во Шпанија во март оваа година и заедно да одат на патување.

Кога се вратиле од романтичното патување, девојката имала што да види и слушне. На аеродромот ги пречекала трудница која тврдела дека е девојка на Џејсон! Девојката тогаш и кажала на Медлин дека и останале само две недели до породувањето, а таткото бил никој друг туку – Џејсон.

Работата да биде уште полоша, таа била придружувана од нејзините родители кои „ги ставиле камерите од телефонот во лицето на Џејсон“ и ѝ викале на Медлин. Бремената жена подоцна и открила на Медлин дека нејзиниот „совршен маж“ лажел за неговото име и возраст. Имено, тој и рекол дека има 32 години, а всушност имал 37 години. Ја известила и дека со него била во врска четири години и дека во текот на врската претходно ја изневерувал со четири жени, а бил познат и по своето минато во кое сакал да заведува помлади девојки.

Трауматизираната студентка Медлин имала многу да „проголта“ бидејќи открила и дека нејзиниот миленик Џејсон имал и еден син кој го чувал во тајност. Медлин дури тврди дека две недели пред нивното патување сонувала дека Џејсон има деца, но кога му кажала, тој само се „насмеал“.

На крајот признала дека Џејсон и бил првиот човек со кого решила да се запознае преку апликацијата Тиндер и дека искуството со него толку многу влијаело на неа што решила засекогаш да ја избрише апликацијата од мобилниот телефон.