ГЕРМАНИЈА НА ЧЕКОР ДО ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА! Олаф Шолц: “Никогаш во животот не сум пушел!“

Владата на Германија предложи декриминализирање на поседувањето до 25 грама канабис или три растенија за лична употреба

Германската Влада го направи првиот чекор кон легализација на канабисот. Усвоен е предлог-законот за декриминализација на поседувањето на оваа, според многумина, „лесна дрога“. Владата предводена од канцеларот Олаф Шолц оцени дека забраните и ригорозните казни за поседување канабис пропаднале.

Доколку предлогот помине во Бундестагот, поседувањето до 25 грама канабис или три растенија за лична употреба во Германија повеќе нема да биде нелегално.

Според германските медиуми, оние кои не можат сами да садат канабис можат да се приклучат на здруженијата за садење. Најчесто тоа се социјални клубови за производство и продажба, чија цел е да ги снабдуваат членовите со сопствени производи од канабис.

На оваа тема зборуваше и канцеларот Олаф Шолц кој кажа дека никогаш не пушел марихуана:

Не, Никогаш. Ниту еден дим“, одговорил Олаф Шолц на прашањето на новинар од TV1.

Предлог-законот има 183 страници. Доколку парламентот го изгласа законот, тој ќе стапи на сила на 1. јануари 2024 година. Законот ќе важи за секој дваесетти жител на Германија. Според официјалната статистика, 4,5 милиони возрасни граѓани пробале канабис барем еднаш.

заплена на дрога, турски државјанин, Градина, марихуана
илустрација

Министерот за здравство на Германија, Карл Лаутербах, од владејачката Социјалдемократска партија (СДП) пред претставници на медиумите зборуваше за промената на политиката на Владата кон наркотиците.

Има три причини за промените. Прво, потрошувачката на канабис се зголемува и покрај забраната, најмногу кај децата и младите. Второ, овој раст е поврзан со широко распространетата криминална продажба на опијати. И трето, на црниот пазар има се повеќе токсични суплементи, но се зголемува и концентрацијата на психоактивни супстанци, што го нарушува здравјето“, вели тој.

Со овој предлог-закон коалициските партнери во Владата, социјалдемократите, зелените и либералите се поблиску до реализација на коалициската програма која ја зацртува целосната легализација на канабисот.

Економистот Јулиус Хаукап, кој долго време се залага за легализација на канабисот, за тамошните медиуми процени дека нелегалниот пазар на оваа дрога во Германија вреди меѓу четири и пет милијарди евра.

Сепак, не сите се ентузијасти од овој план на Владата во Берлин. Во заедничката изјава пет здруженија на доктори за деца и млади предупредија на можно загрозување на менталното здравје и развојните шанси на младите.

Против се полицискиот синдикат и здружението на судии, како и двете најголеми опозициски партии ЦДУ и ЦСУ.