Германија сака американски ракетни лансери што можат да погодат цели на оддалеченост од 2.000 километри – вклучувајќи ја и Русија
Германија сака да купи лансери на ракети „Тајфун“ со долг дострел од САД кои можат да погодат цели на оддалеченост од 2.000 километри – вклучувајќи ја и Русија.
„Германија на тој начин може значително да ја зголеми својата одбранбена способност, исто така значително да ја зголеми својата превентивна способност, но и онаа на Европа“, изјави министерот за одбрана Борис Писториус по средбата со својот колега Пит Хегсет во Вашингтон, пишуваат странските медиуми, според Телеграф.
Одлука за набавка на оружје сè уште не е донесена, но Писториус официјално го изрази својот интерес.
Сепак, тој не постигна конечен договор со Хегсет за испорака на дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина, кои ќе бидат финансирани од Германија во износ од околу две милијарди евра.
Политичарот од СПД нагласи дека последните технички, логистички и финансиски детали сè уште треба да се разјаснат, но дека тие „се чини дека се решливи за двајцата“.
Ова беше негова прва посета на Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот министер за одбрана, Хегсет, ја презедоа функцијата во јануари.
По средбата во Пентагон, Писториус објави како „денешна вест“ дека Германија го започнала процесот за набавка на оружјето со среден дострел „Тајфон“, кое може да се користи за испукување ракети со долг дострел како „Томахавк“.
Бундесверот сè уште нема такво оружје со дострел од 2.000 километри.
Соодветните европски системи се уште се во развој и, според Писториус, нема да бидат достапни најмалку седум до десет години.