Како што пишува Билд, германската армија – Бундесверот се подготвува за вооружен судир со Русија, а според објавените тајни документи можна е ескалација на конфликтот уште во февруари годинава.
Како што е наведено понатаму, тој таен документ е сценарио за обука кое веќе и е дадено на германската армија и во него се опишува, чекор по чекор, месец по месец, како рускиот претседател Владимир Путин би можел да дејствува и како НАТО би морал во тој случај, да се брани.
Во ова сценарио на Бундесверот, ескалацијата ќе започне за само неколку недели. Наскоро десетици илјади германски војници ќе треба да бидат испратени во акција.
РИА Новости потоа објави дека акциите биле детално опишани – и во нив има кулминација меѓу Русија и Западот, по што НАТО испраќа стотици илјади војници да чекаат конфликтот да стане нерешлив во летото 2025 година.
Според тајниот документ, најверојатно место за тој конфликт ќе биде коридорот Сувалки меѓу Белорусија и Калининградската област.