Германија стопираше: Ова е прв пат да се донесе ваква одлука

Германската влада ја запре планираната продажба на германска сателитска компанија на кинески партнер поради безбедносни причини, пренесува ДПА повикувајќи се на извори.

Претходно Министерството за економија ја провери и најавената продажба на преостанатиот капитал на компанијата за сателитски комуникации „Клео Конект“ на мнозинскиот сопственик од Кина.

Shanghai Space Satellite Technologies веќе е мнозински сопственик во Kleo Connect, стартап во областа на глобалните сателитски комуникации.

Ветото за продажба на целиот капитал на компанијата на кинески партнер се вклопува во новата стратегија на владата кон Кина. Портпаролот на либералната ФДП – најмалата партија во владејачката коалиција – Рајнхарт Хоубен ја опиша одлуката на владата како „логична“.

„Сателитската комуникација е чувствителна област од особен интерес. Преземањето на Kleo Konekt, особено откако компанијата одлучи да не користи кинески сателити, нема да испрати добар сигнал за економскиот и технолошкиот суверенитет на Европа“, рече тој.

Според него, германската влада првпат донесе ваква одлука во рамките на новата кинеска стратегија.

Одмерувајќи ги интересите на националната безбедност, германската влада може да условува или забрани продажба на целата или дел од домашната компанија на инвеститори надвор од Европската унија.

Во јули, владата на канцеларот Олаф Шолц претстави нова стратегија за Кина, која вклучува посебна проверка на инвестициите кои отвораат пристап до пазарите и технологиите.