И тие купуваат германски системи за противвоздушна одбрана

Австрија има намера да купи осум единици од германскиот систем за воздушна одбрана Ирис-Т.

Тие системи ќе бидат составен дел на европскиот систем за противвоздушна одбрана Sky Shield, изјави австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

Австрија ќе ја координира обуката на екипажот со Германија, додаде Танерова. За купувањето се преговара со германската влада, а двете страни треба да потпишат писмо за намери во следните неколку недели.

Министрите за одбрана на Естонија и Летонија оваа недела потпишаа рамковен договор за купување системи од германскиот производител Дил Дефенс.

Командантот на австриските воздухопловни сили Герфрид Промбергер рече дека неговата земја планира да купи четири системи со краток и четири среден дострел.

По рускиот напад на Украина, стана „апсолутно неопходно“ Европа да ги затвори празнините во одбраната на нејзиниот воздушен простор, рече Танерова.