Германија трајно распоредува 5.000 војници во Литванија за да ја одврати Русија од евентуален напад

Германија денеска трајно распореди оклопна бригада од 5.000 војници во Литванија, што го означува првото официјално распоредување на воени сили на Германија во странство по Втората светска војна.

Новосоздадената 45-та оклопна бригада, со која командува генералот Кристоф Хубер, беше официјално активирана за време на церемонијата надвор од Вилнус, а беше формиран и привремен штаб.

Хубер рече дека мисијата на оваа бригада е да обезбеди „заштита, слобода и безбедност на нашите литвански сојузници на источното крило на НАТО“, пренесува порталот Политико.