Германија ја гради својата прва рафинерија за литиум

Европа е зависна од Кина кога станува збор за литиумот. Затоа во Германија се гради првата и веројатно најголемата рафинерија за преработка на таа суровина на Стариот континент.

Европа на пат кон „зелена иднина“ има проблем: индустријата има потреба од суровини. И за да се унапреди производството на батерии, суровините како што е литиумот се неопходни.

Сепак, хемиската обработка на суровините во материјали погодни за батерии е комплицирана. Затоа новата рафинерија за литиум во Битерфелд во источна Германија би можела да стане клуч за новите синџири на снабдување. И прв од ваков вид во Европа.

Од Бразил, преку Кина, до Германија

Во моментов, во франкфуртската лабораторија на компанијата за литиум AMG, хемичарите ги тестираат и следат процесите што ги развиле за преработка на литиум хидроксид. Тие бараат начини да ги отстранат нечистотиите од суровината. Она што ќе го смислат во лабораторија подоцна ќе се репродуцира во индустриски процес.

Преработката на литиум во таа компанија започнува во Бразил, со ископ на сподумен, вид камен кој содржи скапоцен литиум. Тој камен се дроби и обработува во Бразил.

„Во првата фаза со брод испраќаме концентрат од сподумен во Кина“, објаснува за ДВ, Штефан Шредер, претседател на одборот на директори на АМГ Литиум. „Причината за тоа е што во моментов нема друга рафинерија која може да го преработува тој материјал.

Потоа од Кина, технички недовршениот производ се враќа во Битерфелд, Германија, каде што се обработува до крајниот квалитет потребен за батериите. Ова е местото каде што треба да се изгради новата рафинерија.

Проблеми со финансирањето

Битерфелд-Волфен е град на истокот на Германија. Таму „АМГ литиум“ подготвува индустриско производство – меѓу другото и затоа што има простор за планираното проширување на објектот. Деталите за веројатно најголемата рафинерија за литиум во Европа се уште се финализираат. Во почетокот ќе произведува дури 20.000 тони литиум хидроксид годишно.

Сепак, поради падот на цените на производите од литиум, инвестирањето стана потешко. „Во моментов, луѓето се многу внимателни кога станува збор за инвестирање пари во проекти за литиум. На сегашното ниво на цени, тешко е да се оправда инвестицијата“, вели Шерер.

За овој објект АМГ доби 5,5 милиони евра од германската покраина Саксонија-Анхалт. И некои други европски влади сакаат да обезбедат субвенции за изградба на сопствена инфраструктура за преработка на важна суровина.

Целите на Европската Унија

Неодамна, Европскиот закон за т.н критични суровини, кои треба да ја намалат зависноста од ЕУ во синџирите на снабдување. Со него е поставена целта дека во Европската унија до 2030 година ќе се вадат десет проценти од материјалите, 40 проценти ќе се обработуваат и 15 проценти ќе се рециклираат. Планот е никогаш повеќе од 65 отсто од суровината да не доаѓа од една земја снабдувач.

Рафинеријата за литиум АМГ во Германија најверојатно ќе придонесе за постигнување на тие цели. Веќе се потпишани првите договори со клиенти низ Европа.