– Германскиот одбранбен гигант „Реинметал“ ќе ѝ испорача уште околу 30 борбени тенка на Украина.
„Реинметал“ неодамна купи десетици деактивирани тенкови Леопард-1 од Белгија кои ќе ги модернизира за украинската војска, објави германската национална телевизија АРД.
Компанијата планира да ги поправи и надгради овие борбени тенкови во својот производствен центар во Германија и ќе може дел од нив да прати во Украина во следните шест месеци, се вели во веста.
Германија значително ја зголеми својата воена поддршка за Украина по притисокот од Соединетите Американски Држави (САД) и другите сојузници и моментно е втор по големина снабдувач на оружје за земјата.
Во последните месеци Берлин испорача оружје и опрема во вредност од милијарди долари, вклучително борбени тенкови, борбени возила за пешадијата, оклопни транспортери и системи за противвоздушна одбрана.