Германската фудбалска легенда испрати значајна порака до Саудијците: “Тие купуваат сè, а ние плаќаме за тоа…“
Ули Хенес, почесниот претседател на Баерн Минхен, секогаш отворено кажува што мисли. Така деновиве тој ја критикуваше саудиската професионална фудбалска лига која преку државните инвестиции во Саудиска Арабија ги привлекува најголемите фудбалски ѕвезди.
„Замислете дека треба да играте во Саудиска Арабија. Дали мислите дека такви настани се воопшто можни таму ? Не, не се“, изјавил Ули Хенес на неодамнешното претставување на статуата на Герд Милер пред „Алијанц Арена“.
Садио Мане го напушти Баерн Минхен во летниот преоден рок и му се приклучи на Кристијано Роналдо во Ал Наср.
„Многу сум загрижен за тоа што доаѓа од Саудиска Арабија, изгледа имаат бескрајни пари. Ние го плаќаме тоа со цената на нафтата“, предупредува Ули Хенес.
Тој се осврна и на политиката што ја спроведуваат клубовите од англиската Премиер Лига, а се однесува на преценетоста на играчите и екстремно високите плати.
„Сигурно нема да биде лесно во следните 10 години. Тоа можете да го видите во Заливот, каде што купија сè“, заклучува Ули Хенес.