– Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок го посети Киев, главниот град на Украина, четврти пат од почетокот на руско-украинската војна.
Во пресрет Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Баербок го посети Киев за да ја покаже поддршката на својата земја кон Украина.
Сепак, посетата беше остварена во тајност од безбедносни причини.
Баербок потсети дека поминале 565 дена откако Русија ѝ објавила војна на Украина.
„Секој ден е нов ужас, секој ден е нова болка и смрт. Ова е бруталната реалност што ја живее украинскиот народ од ден на ден“, рече шефицата на германската дипломатија.
Таа нагласи дека Украина ја брани слободата на Европа со голема храброст и одлучност.
„Украина може да смета на нас“, порача Баербок.
Истакнувајќи дека Германија нема да се откаже од економската, воената и хуманитарната поддршка на Киев, Баербок изјави дека правејќи го тоа гледаат и на иднината бидејќи не сакаат ништо друго освен мир во Украина.
Таа наведе дека Русија не само што убива деца во Украина со своите бомби, туку и ја краде иднината на илјадници украински деца.