Германска авиокомпанија пропаѓа?

Судот на Европската унија во средата го поништи овластувањето на Европската комисија за Германија да плати милиони евра помош за болната авиокомпанија Кондор.

„Комисијата не требаше да ја одобри помошта за реструктуирање без да започне формална истрага“, се вели во соопштението на највисокиот суд на ЕУ.

Комисијата во 2021 година и даде зелено светло на Германија да го поддржи реструктуирањето на Кондор со 321 милион евра по банкротот на матичната компанија Томас Кук.

Регулативите на ЕУ ја условуваат државната помош за стопанството со одобрување од Комисијата.

Сепак, конкурентската авиокомпанија Рајанер се спротивстави, укажувајќи на отсуството на сите услови за германска помош за Кондор. Судот го поддржа приговорот.

Судот оцени дека Комисијата требало да провери дали државата земала „разумен удел во идната добивка на Кондор“ со пакетот помош, односно дали помошта ја нарушува конкуренцијата на пазарот.

Во исто време, судот оцени дека Рајанер не докажал дека неговата конкурентност е нарушена.

Комисијата има нешто повеќе од два месеци да поднесе жалба на пресудата пред Судот на правдата, највисоката судска инстанца на ЕУ.