Германска болница повикува на донирање помош со „истечен рок“ за Туркије

Луѓето почнаа да искажуваат гнев на социјалните мрежи откако интерно писмо на болницата во кое се бара собирање на „медицински материјали на кои им е истечен рокот на траење“ за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија стана вирално.

Додека глобална помош продолжува да пристигнува во Туркије и Сирија по двата големи земјотреси кои го погодија регионот на 6 февруари, германска болница одлучи да покрене акција – со медицински материјали на кои им е „истечен рокот на траење“.

Во соопштението персоналот на Универзитетската болница во Улм е повикан да помогне во донирање на материјал за поддршка на Туркије и Сирија.

„Можете да соберете сето она на што му е истечен рокот или од разни причини отишло во отпад“, стои во повикот за помош, а со болдирани букви било напишано „сето она на што му истекол рокот на траење“. „Материјали кои уште се во употреба и на кои не им е истечен рокот се исклучени“, пишува понатаму во писмото.

Кога веста почнала да се шири на социјалните мрежи, неколку корисници на социјалната мрежа Твитер искажале незадоволство поради таквиот потег, а некои се запрашале: „Каде ви е човечноста?“.

Во соопштение објавено потоа, болницата тврдеше дека писмото „не е овластено, службено писмо“, туку дека е од „интерна е-пошта“, додавајќи дека установата жали „поради недоразбирањата кои настанаа“.

„Се собираат моментално изминати, но потполно функционални, висококвалитетни и оригинално запакувани потрошни материјали – како што се преврски, гастрични цевки или уринарни катетри“, се вели во соопштението на болницата за појаснување на одлуката.

TRT Balkan