– Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Милан Ристовски би можел од следната сезона да го носи дресот на членот на втората Бундес лига, Ханза Росток, објавија денеска германските медиуми.
Според порталот „хиспорт.де“, германскиот второлигаш разгледуваа опции за засилување на напаѓачката линија и постои интерес за услугите на 25-годишниот македонски репрезентативец.
Ристовски има договор до јуни идната година со словачкиот прволигаш Спартак Трнава, во чиј редови на 38 натпревари запиша четири голови и исто толку асистенции.
Во македонскиот дрес Ристовски досега одигра 18 натпревари од дебито во 2021 година.