– Германскиот канцелар Олаф Шолц и вети на Турција поголема помош по разорниот земјотрес на турско-сириската граница, во кој загинаа илјадници луѓе, јави ДПА.
За време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Шолц вети „понатамошна сеопфатна поддршка за справување со оваа катастрофа“, соопшти денеска владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Германија веќе распореди 50 експерти за земјотреси специјализирани за лоцирање и спасување на луѓе затрупани под урнатините од хуманитарната организација Агенција за техничко помош (THW), финансирана од ЕУ. Тие денеска заминаа од аеродромот во Келн во западна Германија.
Шолц, исто така, му го пренесе „најдлабокото сочувство за смртта на многу луѓе“, на Ердоган, кој изрази благодарност за меѓународната поддршка.