Германскиот милијардер предупредува: Арапите зазедоа делови од градовите, ги спроведуваат нивните закони и никој не сака да признае дека сè тргна наопаку
Познатиот германски бизнисмен Хасо Платнер наведува дека интеграцијата на мигрантите во Германија тргнала наопаку.
– Арапите зазедоа цели делови од градовите – изјави Платнер за NZZ.
Платнер, кој неодамна наполни 80 години, ја основа компанијата SAP, која е еден од најголемите светски производители на софтвери.
– Фактот што цели делови од градовите очигледно се преземени од Арапи, кои таму ја практикуваат својата етика и разбирање на законот, не е добро – рече Платнер.
Познатиот претприемач смета дека не е популарно да се каже дека нешто тргнало наопаку.
-Интеграцијата тргна наопаку, образованието, училишната политика… Но, никој не сака да каже: „Да, тргна наопаку, сега треба да го промениме“. Затоа што тоа не е популарно да се каже – изјави Платнер.
Мултимилијардерот го призна подемот на AfD во интервју за NZZ.
INTERVIEW – «In Deutschland haben wir die Selbstzweifel entwickelt bis zum Selbstzerstörerischen», sagt der SAP-Mitgründer Hasso Plattner https://t.co/IbMEJVQ7ek via @NZZ
— Sascha „jeton paraşütle düşüyor“ Stoltenow (@BendlerBlogger) January 30, 2024
– Тоа многу ме загрижува – изјави Платнер.
Тој не го крие стравот дека во екот на кризата уделот на гласачите на AfD може „лесно“ да надмине 50 отсто.
– Тогаш ни 75 години демократија не помага многу. Тоа можеме да го видиме во САД – рече Платнер.
Во исто време тој се изјасни против забраната на AfD.
– Тоа само би ги зајакнало бидејќи има силна група на население што е многу блиску до идеите на АfD – смета Платнер.