Германскиот министер за одбрана Борис Писториус в понеделник ќе го посети Косово, на покана на неговиот колега Ејуп Маќедонци, соопшти косовското Министерство за одбрана.
Писториус доаѓа во придружба на пратеници од Бундестагот.
Министрите за одбрана ќе одржат состанок, а потоа ќе го посетат Меѓународниот центар за потраги и спасување во Помозатин, во општина Косово Поле.
Иако официјално не е потврдено, се очекува Писториус да се сретне со претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти. Пред неколку дена во Берлин со Писториус разговараше и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала-Шварц.