Многу спортисти ги загубија животите, додека по други се уште се трага по силниот земјотрес од 7,8 степени кој ги погоди Турција и Сирија.
Под урнатините, загина голманот на турскиот второлигаш Јени Малатјаспор, Ејуп Туркаслан. Неговиот соиграч Бариш Башдаш (33), германски фудбалер со турско потекло, едвај се спасил.
Во налетот на адреналин при потресот, како што пишува германски Билд, Башдаш скокнал од терасата од вториот кат, но за среќа преживеал.
Фудбалерот е тешко повреден и се наоѓа во болница. Башдаш е роден во Германија каде играше за Хановер, но практично целата кариера ја помина во турски клубови.