Германско МНР: Сакаме да ја видиме Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени
Германското Министерство за надворешни работи на платформата „X“ нагласи дека сакаат да ја видат Македонија во ЕУ и оти e важно земјата во моментов да продолжи со уставните измени.
Сакаме да ја видиме Македонија во ЕУ. Државата иницираше важни реформи за да го постигне тоа и мора да продолжи по тој пат. Особено е важно за Македонија сега да ги започне уставните измени, се наведува во постот на германското МНР, кој е објавен со фотографија од министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Аналена Бербок.