ГЕРМАНЦИТЕ ИМ ЗАБИЈА НОЖ ВО ГРБ НА УКРАИНА !? Олаф Шолц ја запре испораката на оружјето за кое Володимир Зеленски моли со месеци: “Ризикуваме директен конфликт со Русија!“

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја запре испораката на наводните проектили со долг дострел Taurus за Украина, бидејќи стравува дека нивната употреба ќе доведе до конфликт со Русија.

Според пишувањето на весникот Wall Street Journal, Олаф Шолц е загрижен дека германскиот персонал ќе мора да биде префрлен во воената зона за да ги обучи украинците за употреба на ракетите, потег за кој мора да одлучи парламентот. Олаф Шолц, исто така, стравува дека присуството на германски воени експерти на теренот во Украина може да предизвика директен конфликт со Русија.

Германските медиуми претходно објавија дека Олаф Шолц го запира распоредувањето на Taurus бидејќи стравува дека Украина ќе ги искористи за напад на руска територија. Како што прв пат објави германскиот весник Spiegel, германската Влада долго време тајно преговара со производител на воена опрема за модификација на ракетите со долг дострел. Досегот на оружјето треба да биде ограничен, за да се осигура дека Украина нема да напаѓа цели на руска територија со ракетите Taurus или да ги користи за напад на мостот на Крим.

Украина веќе доби моќни ракети од ЗападВелика Британија го снабди Киев со ракетите Storm Shadow, а Франција исто така вети дека ќе и достави на Украина ракети SCALP. Високи британски функционери изјавија дека Украинците никогаш не погодиле цел што не била одобрена од Британците и се обидувале да ги уверат своите германски колеги дека можат да се потпрат на Киев за да го испочитуваат секој договор. Сепак, постои една клучна разлика помеѓу Taurus и британското и француското оружје. Британските и француските ракети имаат дострел од 250 километри, додека Taurus има дострел од над 500 километри. Германско-шведските ракети Taurus се дизајнирани да вршат напади со висока прецизност на заштитени цели, без да навлегуваат во непријателската зона. Покрај тоа, овие проектили летаат на многу мала височина, што им отежнува на конвенционалните радарски системи да ги детектираат.

Украина прв пат побара крстосувачки ракети способни да погодат руски позиции и складишта за оружје далеку зад линијата на фронтот во мај. Во август, трипартиската коалиција на Олаф Шолц начелно ја одобри испораката на Taurus, но тогаш канцеларот ја запре испораката на оружје.

Исфрустрирани од чекањето, пратениците на Бундестагот му пишаа на Олаф Шолц и на министерот за одбрана, Борис Писториус, барајќи да и бидат доставени проектили со долг дострел на Украина. Како што пренесува Tagesschau, писмото го потпишале Мари-Агнес Штрак-Цимерман (ФДП), Антон Хофрајтер (Зелени) и Андреас Шварц (СПД).

Претседателот на САДЏо Бајден, пред една недела изјави дека Вашингтон ќе испрати мал број ракети со долг дострел ATACMS во Украина, што секако го зголеми притисокот врз Германија да донесе одлука за испраќање на ракетите што е можно поскоро. Министерот за одбрана Борис Писториус неодамна изјави дека наскоро ќе биде донесена одлука за испорака на Taurus. Официјално, Олаф Шолц сè уште се воздржува од донесување одлука и намерно ја изостави темата за ракетите со долг дострел на генералната дебата на ОН минатата недела.

Во исто време, украинските власти се оптимисти за TaurusДмитро Кулеба, министерот за надворешни работи на Украина, е убеден дека трансферот на ракетите Taurus од Германија во Украина е само „прашање на време“. Дури и ако Германија наскоро го одобри испраќањето на ракетите Taurus, може да помине извесно време пред Украина да ги распореди, бидејќи украинската флота од воени авиони од советската ера ќе треба да се реконструира за да ги носи ракетите.