Германците и понатаму и плаќаат на фризерката на Меркел: Месечните трошоци на поранешната канцеларка изнесуваат 66.000 евра
Освен канцеларијата и персоналот, државата продолжува да ги плаќа и трошоците на шминкерката и фризерката на поранешната канцеларка Ангела Меркел кои ја придружуваат на нејзините патувања, објавија денеска германските медиуми.
-Кабинетот на Меркел ги презема трошоците за професионална асистентка за шминка и фризура и во случаи кога станува збор за состаноци што не се јавни, се велат од Кабинетот на канцеларката.
При пресметката на трошоците во Кабинетот на канцеларката, вработените ги забележале и високите хотелски трошоци на стилистката која ја придружува Меркел на нејзините патувања.
Неодамна беше објавено и дека месечните трошоци на Кабинетот на поранешната канцеларка Ангела Меркел изнесуваат околу 66 илјади евра.