Гејтс за повисоките даноци за богатите: „Мораме да бидеме подарежливи, бидејќи во следните 10 години…
Бизнисменот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, беше во Давос, на Светскиот економски форум, каде рече дека „супербогатите треба да плаќаат повисоки даноци“ . Повеќето од учесниците на форумот се согласија со него.
Со други зборови, „оние кои имаат најмногу – треба да бидат подарежливи“, смета Американецот. Повеќе од 250 богати луѓе потпишаа отворено писмо кое се однесува на зголемување на даноците за богатите.
Меѓутоа, не се работи само за поединци, туку и за нации. Гејтс смета дека богатите, развиени земји треба повеќе да им помагаат на ранливите нации, а во овој контекст – најмногу се зборува за храна, образование, катастрофи и климатски промени.
Исто така, Гејтс смета дека клучниот начин за борба против климатските промени е да се подобри пристапот до здравствена заштита во земјите во развој, што е област во која тој многу инвестира, а која како што вели тој, владите ја запоставуваат.
„Глобалното здравје е (малку) надвор од радарот во моментов“, рече тој во неодамнешното интервју за Блумберг, додавајќи: „Во следните десет години, кога парите ќе бидат толку малку, ако сакате да се грижите за влијанието врз климата — здравствените трошоци треба да растат, а не да се намалуваат“.
На таа тема се осврна Абигејл Дизни, внуката на Рој О.
Таа, исто така, делумно ги обвини најбогатите 1% за придонесот кон климатските промени, поради нивните „приватни авиони, суперјахти, хеликоптери и приватни вселенски ракети“.